Мислите дека жолтиот печат започна со М експрес или таблоидите што во денешно време нè известуваат навремено дека Бритни Спирс повторно ги заборавила гаќичките дома пред да излезе? Е па се лажете. Таблоидите постојат уште откако започнале да се печатат весници. Некои од нив дури се сметаат и за примери за одлично новинарство. Проверете.
Мислите дека жолтиот печат започна со М експрес или таблоидите што во денешно време нè известуваат навремено дека Бритни Спирс повторно ги заборавила гаќичките дома пред да излезе? Е па се лажете. Таблоидите постојат уште откако започнале да се печатат весници. Некои од нив дури се сметаат и за примери за одлично новинарство. Проверете.
4. NBC има нешто против GM
Во 1992 година, емисијата Dateline што оди на NBC направи специјална репортажа за пик-ап возилата на General Motors, во која беа прикажани видеа од пик-апи кои експлодираат при судари со многу мала брзина. Ова сигурно се должеше на неисправни резервоари со гориво или пак маѓионичари!
Претседателот на GM веднаш составил тим од експерти од автомобилската индустрија за да спроведат истрага. И иако NBC тврделе дека возилата кои биле снимени, веднаш потоа биле уништени во отпад, техничарите ги пронашле, ги прегледале и донеле заклучок. Наодите ги презентирал самиот претседател на компанијата, на голема прес-конференција на која изнел еден куп докази кои укажале на тоа дека експлозиите биле предизвикани со далечински детонатори и целиот случај бил монтиран.
Од петте одговорни за емисијата, тројца добиле отказ, еден сам ја напуштил работата, а една била префрлена на друго работно место. И ако тргнеме од претпоставката дека сите луѓе се добри, тогаш мора да заклучиме дека овој случај се должи на фактот што сите одговорни биле пијани…. подолго од еден месец.
3. Марк Твејн имал добра смисла за хумор
Во 1863 година, весниците во Сан Франциско често објавувале совети во кои компании (најчесто оние кои се бавеле со потрага по злато) луѓето да ги инвестираат животните заштеди. И публиката, многу често го правела тоа. Сè до една специфична приказна:
Еден човек, по совет од весник инвестирал сè во компанија која пропаднала. Полуден од финансискиот неуспех, тој го искасапил семејството и со скалпот од жена си в рака шетал низ градот, најпосле паѓајќи мртов на прагот од еден градски салон. Толпата побрзала да го истражи случајот и во неговата куќа, од целото семејство (кое било прилично големо) пронашло само 2 живи ќерки.
Сепак, подоцна се испоставило оти новинарот кој ја објавил, Марк Твејн, потполно ја измислил, како протест за пристрастните совети што останатите новинари им ги давале на луѓето. Неговиот уредник не само што не го отпуштил, туку и го наградил за оваа статија, со оглед на тоа што тиражот на тој број речиси се удвоил.
2. О, не! Интернетот дојде!
Стивен Глас бил новинар во весникот Нова Република, пред 1998 година, пред да објави еден клучен натпис посветен на тема од областа интернет, поточно хакирањето!
Јан Рестил, на 15 години, успеал да хакне во една фирма со прилично смешно измислено име, да ги постира листите со плати на сите вработени на официјалната страница на компанијата, да излепи слики од голи жени насекаде по истата страница. Компанијата го повикала на интервју, по што тој почнал да бара најнеразумни нешта од одговорните, за да почне да работи за нив. На крајот, тие му понудиле многу пари, по што тој се сложил да стане одржувач на компјутерскиот систем на Џакт Миктроникс?!
Сепак, се работеше за 1998 кога луѓето замислуваа оти секое дете со неколку нервозни чукања по тастатурата може да пробие во компјутерскиот систем на ЦИА. Но, дури и тогаш постоеја компјутерски магазини како Форбс – дигитал! Кога приказната дошла до нив, ги провериле фактите и виделе дека ама баш ни еден детаљ не е базиран на вистинска приказна. Очајниот Глас го наговорил брат му да се преправа дека е директор на имагинарната компанија, но ниту тоа не помогнало.
Измамата била откриена, а Стивен Глас бил веднаш отпуштен, по што напиша лоша книга која уште полошо се продаваше, нормално, базирана на приказната која самиот тој ја конструираше за да ги измами читателите на весникот.
1. Пулицер и Харст започнаа војна!
Џозеф Пулицер и Вилијам Рандолф Харст, иконите на новинарството, всушност се татковците на жолтиот печат во вистинска смисла на зборот. Овие двајца „новинари“ намерно фабрикувале приказни, за да победат во борбата за поголем тираж која ја воделе еден со друг.
Во доцниот 19 век, кога Пулицер бил сопственик на The New York World а Харст на The New York Journal, овие двајца одлучиле да ја започнат Кубанската војна. Конфликтот кој започнал меѓу шпанските владетели и локалното население им се видел како плодна почва за пласирање глупости, па затоа, еден по друг почнале да пласираат вести за тоа како Шпанците силуваат жени и деца од сиромашното население, кои потоа ги убиваат и фрлаат крај патиштата!
Харст испратил фоторепортер во Куба. Истиот му пратил телеграма: „Се враќам. Нештата не се толку лоши колку што се мислеше“. Харст му вратил: „Остани. Ти ги аранжираш фотографиите, јас ќе ја аранжирам војната“. Неколку дена подоцна, американскиот воен брод Мејн експлодирал близу Хавана под сомнителни околности.
Не чекајќи истрага, обајцата сопственици на весници објавиле серија натписи во кои докажуваат оти „Шпанците се виновни“. Мислењето на масата полека се оформило под влијание на медиумите (веројатно ова е пионерскиот чекор во оваа, веќе многу профитабилна гранка) и војната била неизбежна.