Тркалото, електричната светилка, телефонот – сè се тоа производи кои неповратно го променија светот и насоката во која се движи развојот на цивилизацијата. Никој не може да го замисли денешниот живот доколку некој од овие изуми не биле измислени. Но, не се сите пронајдоци толку успешни. Постојат патентирани производи чие постоење го наметнува прашањето – дали некој од вработените во бирото за патенти е постојано на тешки дроги?
Тркалото, електричната светилка, телефонот – сè се тоа производи кои
неповратно го променија светот и насоката во која се движи развојот на
цивилизацијата. Никој не може да го замисли денешниот живот доколку
некој од овие изуми не биле измислени. Но, не се сите пронајдоци толку
успешни. Постојат патентирани производи чие постоење го наметнува
прашањето – дали некој од вработените во бирото за патенти е постојано
на тешки дроги?
4. Даска за сурфање на ракетен погон
Да бидеме реални – овој пронајдок и не е така бесцелен. Замислете дека се наоѓате на средината од Пацификот и одеднаш ве напаѓа ајкула. Доколку имате обична даска за сурфање при рака, речиси е сигурно дека ќе завршите како оброк на ајкулата, но ако даската е со ракетен погон, тогаш барем ќе имате шанса.
Даската на ракетен погон би била одлична и за во филмовите. Замислете, споредено со неа, онаа сцена од „Враќање во иднината 2“ со лебдечкиот скејтборд ќе изгледа како приказна за мали деца.
Доколку овој производ беше достапен во малопродажба, голема е веројатноста оти ќе убиваше стотици, ако не и илјадници корисници секоја година. Но, на светлата страна, барем ќе умреа знаејќи дека смртта ги снашла додека правеле нешто фантастично!
3. Метод за вежбање мачки
Брилијантниот пронаоѓач го патентирал овој метод како: „Во присуство на вашата мачка, нанесувате невидлив зрак светлина на ѕидот или подот и потоа го движите ласерот хаотично фасцинирајќи го животното“. Во суштина, генијалецот патентирал збунување мачки со ласер за презентации. Маестрално!
Можеби следниот патент би требало да биде: „Ставање парчиња храна во устата на човек, нанесување притисок со вилиците и потоа голтање, со цел исхрана“. Можеби дури и комплетниот концепт на хранење или пак комплетниот дигестивен систем кај луѓето. Комерцијалниот ефект во тој случај би бил неверојатен, во најмала рака.
2. Метод за нишање на нишалка
Се сеќавате на оној трик кој сте го практикувале на нишалките како мали, кога: „Наизменично тегнете на едната па на другата врвка со која нишалката е прицврстена на хоризонтална греда, гранка или друг носечки објект“? Е па погодете што? Некој си Стивен Олсон го измислил тоа и го патентирал, што значи за секој еден пат што сте го употребиле во вашите игри, му должите добра сума пари!
За да не дојде до забуни, треба да се појасни дека генијалниот Стивен Олсон не патентира еден вид нишалка, специфичен модел или сл. Не! Тој го патентирал методот на нишање. Можеби некој треба да се сети да го патентира потегот кога некој другар се обидува да ве турне толку силно што ќе направите цел круг со нишалката. Зошто да не?
1. Играчка за животни
Погледнете ја сликата. Пронаоѓачот на ова чудо го дефинирал како: „Играчка за животни чиј состав може да биде од дрво или дрвени делови“. Токму така. Овој тип се обидел да го патентира она чудо што сите го знаеме како – стапче!
Можеме само да замислиме како дошло до откривањето на овој неверојатен пронајдок. Човекот си седел во парк со своето куче и здогледувајќи некое стапче на земја одлучил да го фрли. Кучето се стрчало и му го вратило стапчето, при што тој извикал: „Еурека!“ Потоа се растрчал низ паркот, раскажувајќи за неверојатното откритие. И сето тоа би било во ред, доколку настаните погоре опишани се случеле во 12000 г.п.н.е. Но, се случиле во 1999 година, истата година кога овој производ бил патентиран. Оттогаш, веројатно секоја шума на планетава била тужена за неовластено производство на „Играчки за животни“.