4 најчудни сексуални фетиши

Фетиши Веројатно сте чуле за вообичеаните и најраспространети сексуални фетиши како што се оспесијата со кожа или фасцинацијата со физиолошките функции. Но, сигурно немате чуено за спектрофилија, техносексуализам, механофилија или пак макрофилија – ова се без сомение четирите најчудни фетиши на планетава… барем за сега.


Веројатно сте чуле за вообичеаните и најраспространети сексуални фетиши
како што се оспесијата со кожа или фасцинацијата со физиолошките
функции. Но, сигурно немате чуено за спектрофилија, техносексуализам,
механофилија или пак макрофилија – ова се без сомение четирите најчудни
фетиши на планетава… барем за сега.

Духови4. Спектрофилија

Спектрофилија е фантазирање за секс со духови. Постои и сајт на кој луѓето ги споделуваат ваквите сексуални искуства. Таму, можат да се сретнат најразлични приказни за (нај)блиски средби со душите што талкаат, кои варираат од редовна интимност, преку тврдења за духови кои ги мастурбирале живите, па сè до еден истражувач на паранормални појави кој тврди дека дух му извршил фелацио за време на погреб во Флорида, додека тој бил целосно облечен. Најчудниот дел од сè е што во склопот на спектрофилијата постои цел спектар на подфетиши кои се паранормални верзии на обичните. Имено, додека во реалниот свет постои некрофилија (желба за секс со мртовци), во паранормалниот постои паранормална некрофилија (желба за секс со мртви духови). Кому и колку треба некој дух да му згрешил за повторно да умре? Ова е едно од прашањата што можеби никогаш нема да ги одгатнеме.

Многумина од нас како деца имале замислен пријател. Тоа е згодна форма на пријателство – имате некој крај себе што ви живее во главата, секогаш ги кажува вистинските нешта и никогаш не ви суди за ништо. Но, како што поминувавме во светот на разумот, имагинарните пријателства исчезнаа. Очигледно кај некои не само што тоа не се случило, туку напротив, пријателствата премнале во нешто „посериозно“.

Роботи3. Техносексуализам

Техносексуализам е фантазирање за секс со роботи. Но, не говориме за роботи во стилот на терминаторката од третиот дел на филмот или пак Сајлонците. Не, овде станува збор за гломазната индустриска машинерија која извршува автоматизирани задачи. Колку погломазна, толку подобро!

Секако, и за овој тип на фетиш постои сајт на интернет (би можело ли да не постои?!). Таму, најчестите расправи се водат околу тоа како некого да трансформирате во фембот, како да ги одржувате вашите сексуални роботи и сл. Не е ни чудо што некои луѓе имаат огромни потешкотии да се вклопат во реалниот свет.

Коли2. Механофилија

Механофили се луѓе кои сакаат да имаат секс со автомобили. Нивниот сајт е моментално недостапен, но во времето на активноста, неговото име „Автомобилски љубовни приказни“ привлече безброј љубители на олд тајмери во потрага по совети за подобра реставрација на своите возила. Колку ли само биле изненадени?

„Автољубовџиите“ во детали опишуваат како се бакнува, милува, лиже еден автомобил, со кои делови е најдобро да се има секс и нормално, се фалат кој успеал да „усреќи“ повеќе автомобили.

Џинови1. Макрофилија

Макрофилија е желба за секс со џинови. Но, не станува збор за џинови од типот на Георге Мурешан во филмот „Мојот џин“ со Били Кристал. Повеќе се мисли на џинови од навистина џиновскиот, митски и бајковиден тип, како на пр. во „Џек и гравчето“.

Олтарот на џиновите“ е форум на кој се остваруваат (симболичните) џиновски врски. Жените доаѓаат таму и се опишуваат себеси како џинови и ги кажуваат своите џиновски фантазии, преку интеракција со машките посетители. Таму ќе пронајдете прилично неинвентивни приказни за тоа како да се има секс со жени високи преку 30 метри, а несомнено, „некомпатабилноста“ довела и до повеќе разочарувачки средби во живо.
 

- Реклама -