4 мистерии на античкиот свет

мистерииЗагубени градови, загубени цивилизации, вакви легенди постојат уште од најраните истражувања на светот. Дали се овие легенди само приказни измислени од истражувачи кои сакале да импресионираат или дали зад нив се крие вистина? Да ги погледнеме најинтригантни легенди од античкиот свет.

Загубени градови, загубени цивилизации, вакви легенди постојат уште од најраните истражувања на светот. Дали се овие легенди само приказни измислени од истражувачи кои сакале да импресионираат или дали зад нив се крие вистина? Да ги погледнеме најинтригантни легенди од античкиот свет.

мистерииЗлатото на Инките

Оваа легенда започнува во шестнаесетиот век. Империјата на Инките се срушиле пред налетот на европските окупатори. Шпанскиот командант Франциско Пизаро го заробил кралот на Инките, Атахуалпа. Пизаро ветил дека ќе го ослободи кралот ако тој му даде нереална количина злато. Поданиците на Атахуалпа успеале да ја соберат потребната количина злато. Пизаро добил дел од златото, но пред другиот дел да пристигне во неговиот камп, тој се премислил и го егзекутирал кралот. Според легендата, луѓето лојални на Атахуалпа го закопале златото во пештера, и тоа наводоно сè уште е таму.

Многумина се обиделе да го најдат богатството. Во 1886 година, Барт Блејк трврдел дека го пронашол местото на кое било закопано легендарното богатство, тој планирал да собира пари за да го откопа златото, но трагично загинал на море пред да има шанса.

мистерииЕл Дорадо

Ел Дорадо е легендарен Јужноамерикански град кој е целосно направен од злато. Оваа легенда потекнува од шестнаесетиот и седумнаесетиот век. Многумина се упатиле во џунглите на Јужна Америка во потрага по градот, но речиси сите експедиции завршиле трагично.

Корените на оваа легенда сепак се факти. Кога шпанските истражувачи првпат стигнале во Новиот Свет, тие чуле приказни од некои племиња за крал кој им наредил на своите поданици да фрлаат скапоцени камења во езерото Гуатавита, за да го задоволат богот кој живеел под површината на водата. Шпанците се обиделе да го исушат езерото и нашле малку злато, но не успеале да ја исцрпат водата доволно за да ги достигнат големите количини злато кои наводно се наоѓаат во подлабоките делови.

Оваа легенда сè уште постои, и многумина сè уште зборуваат како овој легендарен златен град сè уште да постои. И покрај тоа што логиката налага поинакво размислување, многу луѓе сакаат да веруваат дека постои град направен од злато.

мистерииАтлантида

Приказната за загубениот град Атлантида е една од оние легенди кои опстојуваат со векови. Потеклото на легендата е од грчкиот филозоф Платон. Тој раскажува за голем град, создаден од раса на полу-богови. Бо градот се наоѓале егзотични животни и најцивилизираната цивилизација која постоела во историјата на човештвото. Платон ја раскажал оваа фантастична приказна во 360 година пред новата ера, и таа сè уште постои.

Повеќето научници веруваат дека приказната на Платон е само филозофска приказна или алегорија која предупредува дека цивилзираните општества никогаш нема да можат да ја покорат природата, но постојат многу луѓе кои веруваат дека Атлантида навистина постои. Има многу теории за тоа каде се наоѓала Атлантида, од средината на Атлантскиот Океан, до дното на Средоземното Море.

мистерииИзворот на младоста

Многу култури имаат легенди слични на онаа за изворот на младоста. Постојат гласини дека Александар Македонски кога бил на смртната постела барал вода од некоја легендарна река која лечела од старост и давала живот. Посоти и европска легенда за голем крал кој владеел со кралство во кое се наоѓал извор, чија вода давала вечен живот. Со откривањето на новиот свет во шестнаесетиот век, мнгоумина биле интригирани од оваа нова земја и легендата за изворот на младоста повторно се појавила. Овој пат, изворот наводно се наоѓал некаде во Новиот Свет. Шпанскиот истражувач, Хуан Понс де Леон го барал овој извор во околината на денешен Свети Августин, Флорида.

Чудната работа е што не постојат пишани докази за експедицијата на Де Леон во Флорида, поради што многу историчари веруваат дека приказните биле измислени од Де Леон или некој негов современик. Сепак, легендата е сè уште популарна до ден денес. Во Флроида дури има и туристичка атракција која наводно е изворот на младоста. Но за жал, името на изворот е лажна реклама, бидејќи оние кои пијат од неговата вода не стануваат бесмртни.

- Реклама -