4 чудни оружја од Втората Светска Војна

чудни оружјаСакајќи да го спречат Адолф Хитлер и неговите сојузници, сојузничките сили во Втората Светска Војна започнале многу преокти за развивање оружја со кои војната би била завршена што поскоро. И иако голем број од тие проекти биле успешни, некои други идеи брзо биле напуштени, најчесто зoшто биле премногу чудни за да функционираат.

Сакајќи да го спречат Адолф Хитлер и неговите сојузници, сојузничките сили во Втората Светска Војна започнале многу преокти за развивање оружја со кои војната би била завршена што поскоро. И иако голем број од тие проекти биле успешни, некои други идеи брзо биле напуштени, најчесто зoшто биле премногу чудни за да функционираат.

чудни оружјаРакета наведувана од гулаб

Американскиот научник Б Ф Скинер имал интересна идеја за воената индустрија. Неговата идеја, наречена „Проект Оркон“ (кратенка за Органска Контрола), имала за цел да го создаде првиот наведуван проектил во светот.

Контролниот систем се состоел од три истренирани гулаби, камера и екран. Гулабите преку екранот гледале каде оди ракетата. Тие биле истренирани да клукаат врз целта (која би била во центарот на екранот). Сè додека два од трите гулаби клукале во центарот, ракетата би ја погодила целата.

Американскиот Национален Комитет за Одбранбени Истражувања вложил 25000 американски долари во проектот, но и покрај тоа американската војска не го сфатила сериозно. Проектот бил откажан на осми октомври 1944 година.

чудни оружјаЛетечкиот Џип

Одделот за Експериментална Опрема, сместен во Манчестер, во 1940 година започнал да развива ново возило. Ова возило било стандарден џип, со ротор сличен на оној од хеликоптерите, по што го добило прекарот ‘Rotabuggy’. Во првите тестови, џипот бил полнет со бетон и пуштан од височина од неколку метри за да се утврди дали ќе дојде до оштетување.

Покрај роторот, на џипот му биле додадени и опаш, контроли за роторот и навигациони инструменти. Во 1943 година, бил извршен првиот тест лет, во кој Rotabuggy успешно летал со брзина од околу 100 километри на час.

Првите летови имале ограничен успех, но по неколку модификации летечките способности на возилото биле оценети како „задоволувачки“. Овој проект сепак не успеал бидејќи со развојот на транспортни едрилици војската добила побезбеден и поефтин начин за транспортирање на возила и војници.

чудни оружјаПротивтенковски кучиња

Противтенковски кучиња или кучиња-бомби биле кучиња истренирани од советската војска да бараат храна под тенкови и оклопни возила. На кучињата не им била давана храна неколку дена, по што, опремени со торби со експлозив, биле пуштани во полиња и ливади каде што се очекувало да поминат непријателските тенкови. Кога кучето ќе влезело под тенкот, експлозивот би бил активиран.

Советските извештаи велат дека овие кучиња успеале да онеспособат околу 300 германски тенкови. Кучињата очигледно биле проблем, па германските војници добиле наредба да ги стрелаат, а тенковите биле опремувани со пламенофрлачи за одбрана.

Но во 1942 година дошло до несакан инцидент кога глутница изгладнети кучиња се ослободиле  и почнале да трачаат неконтролирано наоколу, што натерало цела советска дивизија да се повлече. По оваа случка кучињата биле повлечени од служба, но кучиња-бомби биле тренирани сè до 1996 година.

чудни оружјаБродови од мраз

Во 1942 година, Сојузниците губеле голем број товарни бродови, поради германските подморници. Британскиот Лорд Луи Моунтбатен предложил изградба на огромни бродови, направени од мраз, за одбрана на товарните бродови. Џефри Пик, бил научникот кој рекол дека со користење на мраз би можеле да се направат голем број евтини бродови со должина до 1200 метри и широчина од околу 130 метри.

Винстон Черчил, бил толку возбуден од овој проект што тој лично се погрижил за неговото одобрување. Во 1943 година, Џефри Пик открил дека со додавање на пилевина во водата пред таа да биде замрзната се создава многу цврст материјал, наречен „пикрит“ во негова чест.

На бреговите на езерото Патрициа во канадските Карпести планини била започната изгрaдба на прототип, по што било утврдено дека мразот би требало да биде околу десет метри дебел за да може да одолее на експлозии од бомби и торпеда. Но, пред да бидат завршени тестовите, Битката на Атлантикот била добиена, и кога почнала изградбата на нови, традиционални метални носачи, овој проект бил напуштен.

- Реклама -