Кога ќе чуете дека веќе не постојат оригинални идеи, слободно поверувајте во тој заклучок. Одамна се познати сите наративни трикови и начините на кои се оформуваат ликовите во приказните. Но, овде ќе ги погледнеме четирите најбесрамни плагијати од светот на анимацијата, направени од луѓе кои и не се потрудиле многу да ја сокријат својата кражба.
Кога ќе чуете дека веќе не постојат оригинални идеи, слободно
поверувајте во тој заклучок. Одамна се познати сите наративни трикови и
начините на кои се оформуваат ликовите во приказните. Но, овде ќе ги
погледнеме четирите најбесрамни плагијати од светот на анимацијата,
направени од луѓе кои и не се потрудиле многу да ја сокријат својата
кражба:
4. X-men
Армија од муатанти предводени од ментор во количка, чија единствена задача е да го заштитат светот кој се плаши од нив и ги презеира… Мислите дека се зборува за X-men? Не баш. Ќе се зборува подолу, но само за да се разоткрие плагијатот. Оваа приказна е бесрамно ископирана од Doom Patrol.
Оваа приказна дебитираше во светот на стриповите 3 месеци пред да се појават X-men. За разлика од мутантската приказна, во Doom Patrol, сите ликови некогаш биле нормални луѓе кои потем доживеале некоја ужасна несреќа што ги осакатила, но истовремено им дала и супермоќи. Сите тие се обединети од доктор Колдер, парализиран човек во количка, кој има идеја дека останатите луѓе нема толку да ги мразат неговите пријатели, ниту пак да се плашат од нив, доколку своите способности одвреме-навреме ги користат за да го спасат светот од напади на џиновски роботи или каква и опасност да наиде.
Единствената разлика е во тоа што X-men користи мутанти како алегорија за малцинствата, наместо луѓе со физички изопачености. Дури и реченицата која го продавала стрипот е украдена. Марвел во овој случај воошто не се потрудиле:
Doom Patrol: Најчудните херои во светот.
X-men: Најчудните суперхерои на сите времиња.
3. Супермен
„Почекај малку!“ веројатно си мислите во моментов додека го читате ова и се трудите да не ве забележат колегите во канцеларијата. „Како е можно Супермен да е плагијат, кога тој е првиот суперхерој кој некогаш бил создаден. Немало ниту еден пред него?“ Технички сте во право. Но, само технички. Иако не постоел друг суперхерој пред него, постоел друг лик со истите способности. Оваа приказна е украдена од „Гладијатор“.
Во 1930 година, Филип Вајли напишал популарен роман, евтина приказна која се продава (нешто како книгите на Ден Браун). Во приказната, главниот лик се вика Хуго Данер. Неговиот татко измислува хемиска формула која на обичен човек му дава супермоќи. Наместо да ја продаде и да направи еден куп пари, човекот решил да ја вбризга во својот син. Зошто? Зошто да не? (Евтините приказни не навлегуваат во мотивите зад дејствата на ликовите, нели?) Со тоа, Хуго се здобива со повеќе способности. Станува отпорен на куршуми, добива натчовечка сила и може да прескокнува згради. Но, Супермен лета, па тоа и не е исто? Сепак, во раните верзии за на Супермен, ниту тој не можел да лета, туку само можел да скока, многу, многу високо.
Секако, сличностите не завршуваат тука. Обајцата пораснале во мало гратче, двајцата се преправаат дека се слабаци за да не го откријат вистинскиот идентитет и на крајот, двајцата имаат места во кои можат да отидат да размислуваат. Супермен ја имаше тврдината на осаменоста на Арктикот, а Хуго свое мало место на северот од Канада. Ако и тоа не ви е доволно убедливо, тогаш треба да знаете дека „Гладијатор“ е 8 години постар од Супермен. Дополнително, првата објавена слика од Супермен е најпознатата сцена од „Гладијатор“ – кога Хуго изнервиран подигнува автомобил на јавно место и ги плаши сите наоколу. Премногу случајности, или не?
2. Кралот лав
Не, не станува збор за тоа дека Дизни ја копира приказната од „Хамлет“. Тоа е само дел од приказната. За да се осигураат оти нема да остане ниту трага од некаква оригиналност, бесрамно и комплетно го украле јапонскиот цртан филм „Кимба, белиот лав“.
Кимба, малото албино лавче е креација на легендарниот јапонски аниматор Осаму Тезука. Ќе речете две лавчиња и имињата им звучат слично, тоа не значи дека се работи за плагијат. Но, тоа е само врвот на сантата мраз. Понатаму, нештата стануваат далеку поочигледни.
„Кралот лав“ ги „позајмува“ речиси сите ликови од приказната за Кимба, а најочигледно е во случајот со бабунот и хиените. Разликата меѓу двата анимирани филмови е во тоа што главниот јапонски негативец беше тетката на Кимба, додека Дизни направи операција за промена на полот и негативецот стана чичкото на Симба. Плагијатот сепак станува најочигледен во некои од најдобрите сцени во филмот – кога Кимба/Симба стои на надвиснатата карпа или кога се појавува неговиот мртов татко во облаците. Се чини како Дизни едноставно да употребиле фотокопир за да не мораат да сработат ама баш ништо на овој проект.
1. Бетмен
Иако со ова сознание можеби на многумина им се руши целиот свет – мора да се соочиме со тоа. И Бетмен е плагијат!
Украден е од „Ел Зоро“. Токму така. Оној сомнителен тип со меч.
Зоро бил креиран во 1919 од Џонстон Мекали. И иако е точно дека многу од нештата што Бетмен го прават она што е се украдени од други места, постојат бројни сличности меѓу овие двајца, кои се несомнено „позајмени“. Зоро беше првиот милионер-женкар кој во ноќите облекуваше наметки и одеше да се бори против неправдите и да го сузбива криминалот. Под својата вила имаше тајна пештера во која го чуваше коњот и сета опрема која му беше потребна за да се престори во Зоро. Единствената разлика е во тоа што тој никогаш не ја нарекол пештерата Зоро-пештера или коњот Зоро-коњ. Зоро исто беше и првиот кој имаше батлер.
Сличностите се толку очигледни, што DC веќе и не се обидува да одрекува (како што тоа неуморно го прават од Диззни). Всушност, вечерта кога родителите на малиот Брус Вејн беа убиени, филмот кој го гледаа во киното беше „Маската на Зоро“.
Користиме „колачиња“ на нашата веб-страна за да можеме да ги запаметиме Вашите преференци и посети. Со кликање на „Прифати“, Вие се согласувате за употреба на СИТЕ колачиња.“
This website uses cookies to improve your experience while you navigate through the website. Out of these, the cookies that are categorized as necessary are stored on your browser as they are essential for the working of basic functionalities of the website. We also use third-party cookies that help us analyze and understand how you use this website. These cookies will be stored in your browser only with your consent. You also have the option to opt-out of these cookies. But opting out of some of these cookies may affect your browsing experience.
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. These cookies ensure basic functionalities and security features of the website, anonymously.
Cookie
Duration
Description
cookielawinfo-checkbox-analytics
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics".
cookielawinfo-checkbox-functional
11 months
The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional".
cookielawinfo-checkbox-necessary
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary".
cookielawinfo-checkbox-others
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other.
cookielawinfo-checkbox-performance
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance".
viewed_cookie_policy
11 months
The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data.
Functional cookies help to perform certain functionalities like sharing the content of the website on social media platforms, collect feedbacks, and other third-party features.
Performance cookies are used to understand and analyze the key performance indexes of the website which helps in delivering a better user experience for the visitors.
Analytical cookies are used to understand how visitors interact with the website. These cookies help provide information on metrics the number of visitors, bounce rate, traffic source, etc.
Advertisement cookies are used to provide visitors with relevant ads and marketing campaigns. These cookies track visitors across websites and collect information to provide customized ads.