Технолошкиот џин Сони го претстави својот визир кој може да симулира 3D кино сала од видеа, музика и игри. HMZ е наменет за луѓето кои преферираат да гледаат филмови сами наместо да седат пред телевизор со семејството или пријателите. Овој футуристички визир кој има вградени слушалки ќе чини 800 долари.
HMZ – името значи head-mounted display – прикажува кристално чиста слика. Направата е опремена со два OLED панели од по 0,7 инчи и слушалки со 5.1 канално динамичко аудио. Корисниците ќе имаат искуство како да се во кино, еквивалент на гледање на екран од 750 инчи на растојание од 20 метри. Музичкото видео со кое бил претставен визирот на презентацијата на Сони во Токио било толку јасно што некои од присутните рекле дека било како да гледаат во мала куќичка за кукли.
Мали се шансите дека повеќето луѓе – па дури и технолошките ентузијасти – ќе сакаат да купат производ кој е наменет за осамено уживање во филмови, музика и игри. Поради оваа причина, HMZ најверојатно не е одговорот на Сони за iPod и iPad на Apple, туку само уште една чудна направа полна со најновата технологија наменета за специфичен тип на фанови на Сони. Virtual Boy, 3-D гејминг машина со визир продавана во деведесетите пропаднала, делумно поради големиот визир и фактот што сликата била црвена.
Најновиот производ на Сони е далеку пософистициран, овозможувајќи искуство кое е доста блиско до најдобрите места во кино сала. Производот не е препорачлив за лица помлади од 15 години бидејќи, како што вели Шигеру Като заменик претседател на Сони, некои експерти веруваат дека прекумерно стимулирачки слики не се добри за тинејџери чии мозоци сè уште се развиваат. Позитивна работа е што луѓето се понавикната на 3D, поради се поприсутните 3D телевизори и гејминг направи.
HMZ користи OLED дисплеји развиени од Сони, релативно нов тип на диспеј кои пренесува слики со неверојатни квалитет и бои, споредено со поприсутните течни кристали и плазма диспеји кои се користат во лаптопи и телевизори со рамен екеран. Господин Като додал дека најголемиот предизвик било создавањето на мал диспеј без да се жртвува квалитетот на сликата. HMZ ќе започне да се продава во Јапонија на 11 ноември, а во САД и Европа најверојатно ќе пристигне кон крајот на декември. [HMZ-T1: Sony unveils world’s first 3D head-mounted display that is as immersive as ‘sitting in a cinema’]