3D тура низ срушената зелена куќа во Црниче

Старата зелена куќа во Црниче, или попозната како замокот со духови, долго време претставуваше мистичен објект кој и покрај уникатниот но застрашувачки стил, беше карактеризиран како инзвонредно дело. За жал, запуштеноста на градбата си го направи своето, па страшниот замок во кој младите си ја тестираа храброста, беше целосно срушен. За сите оние кои никогаш не се осмелија да ја разгледаат внатрешноста на „зелениот замок со духови“, можете да го направите тоа сега. Тимот на www.skopje-3d.mk ни приреди интересна виртуелна тура преку која можете на безбеден начин да ја разгледате некогаш страшната куќа. Патувањето можете да го започнете со клик тука.

- Реклама -