Јапонскиот електронски гигант Sharp во јули им понуди на компаниите производители на електронски уреди, како што се мобилни телефони, фотоапарати, некои типови на преносливи конзоли и друго, мала камера во вид на модул, која може да снима тродимензионални видеозаписи во 3D технологија со висока резолуција. Овој нов производ во напливот на развој на 3D производи, може да снима тридимензионални фотографии и видеосодржини со резолуција од 720 пиксели.
Јапонскиот електронски гигант Sharp во јули им понуди на компаниите производители на електронски уреди, како што се мобилни телефони, фотоапарати, некои типови на преносливи конзоли и друго, мала камера во вид на модул, која може да снима тродимензионални видеозаписи во 3D технологија со висока резолуција. Овој нов производ во напливот на развој на 3D производи, може да снима тридимензионални фотографии и видеосодржини со резолуција од 720 пиксели.
Според претставниците на Sharp, овој прв 3D производ наменет пред сè, за џебните уреди, се состои од два оптички објективи и има можности за нагодување на сите параметри кои се потребни за тридимензионална фотографија, при тоа го коригира позиционирањето на сликата, сè со цел да се обезбедат оптимални резултати. Масовното производство на овие 3D камери на компанијата Sharp би требало да започне во текот на оваа година.
Panasonic, пак, компанија која неодамна ја лансираше тродимензионалната камера/камкордер за професионална употреба, а за која имаше напис и во ЕМИТЕР бр.6/2010, промовираше на електронскиот пазар уште еден нов 3D производ кој е наменет за аматерите. Стручните луѓе од компанијата потврдуваат дека аматерската камера ќе им овозможи на корисниците да креираат убави и квалитетни тродимензионални слики, кои ќе изгледаат како да се живи.
Снимањето на видеоматеријалот се прави преку десниот и левиот објектив, кои симултано произведуваат тродимензионална слика, (ова поубаво и подетално беше објаснето во погоре споменатиот напис.) Сликите потоа ќе може да се гледаат на телевизор, се разбира, ако истиот има опција за репродуцирање на ваков видеозапис. Камерата ќе има и можност за снимање во стандарден, дводимензионален формат и тоа во HD-резолуција. Исто така, во софтверот на камерата е интегрирана и опцијата за забрзување на протокот на времето, со што, на пример, ќе може да се добие “континуирана” снимка од процветувањето на некоја цвет или како пеперутка излегува од кожурката.
Првата аматерска тродимензионална камера на јапонскиот пазар ќе почне да се продава во август годинава, додека, пак, во останатиот дел од светот се очекува да пристигне кон крајот на годинава. Предвидената малопродажна цена на камерата ќе биде 1400 американски долари.
Во компанијата велат дека до крајот на 2010 година на пазарот ќе ги понудат и првите заменливи објективи за тродимензионално снимање за нивните дигитални фотоапарати од серијата” Лумикс”, со што ќе се овозможи висококвалитетно 3D фотографирање и со нив.
Камери и снимање во нова 3D технологија, но трендот го следат и весниците. И тие се впуштија во 3D-авантура.
Прва земја во кој беа испечатени весници во 3D технологија беше Белгија. Тоа се случи во март годинама кога беше испечатено специјално 3D издание на дневниот весник “Дерниерер” и тоа во над 100000 примероци. Сите фотографии и реклами биле во 3D, а подготовката траела цели два месеци!
– Постојано слушаме за 3D кино, 3D телевизија и тродимензионални видеоигри, па и ние решивме да го прифатиме предизвикот – објаснил Леклерк, кој додал дека поради високите трошоци ќе размислат дали повторно ќе отпечатат некое друго издание со оваа технологија.
Неодамна и кинескиот дневен весник “Дејли бизнис” беше испечатен со текст и тродимензионални фотографии, а купувачите со изданието добивале и специјални очила за читање на весникот. Со ова Кина стана втората земја во светот во која издавачка куќа се одлучила да издаде ваков тип на весник. Критичарите ја поздравија иницијативата нарекувајќи ја храбар чекор, но специјалното издание на весникот од технички аспект го оцениле како далеку од совршено.
– Потребни се неколку минути да се навикне окото на третата димензија на фотографиите, а најдобар ефект се добива ако весникот се држи на оддалеченост од очите од 50 сантиметри. Иако потегот на “Дерниер ер” е храбар, може да се нарече само кратка авантура во третата димензија – оценило француското издание на специјализираниот магазин “Пи-си ворлд”.
Како и да е, нема сомнение дека третата димензија доаѓа со крупни чекори и несопирливо влегува во сите домени.
Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР