Маричиќ: Пендаровски покажа дека е Претседател на сите граѓани, цврсто го држи заедно македонското општество и застана како бедем против делбите

„Гласот за бројот еден на гласачкото ливче е гаранција дека Македонија нема да се враќа кон режимот. Гласот за нашиот претседател Стево Пендаровски е глас за огромен исчекор од Балканот кон Европа“, истакнува во својата порака на социјалните мрежи секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник – Бојан Маричиќ, повикувајќи граѓаните во среда, на 24 април, масовно да излезат на гласање за да ја донесат вистинската и многу важна одлука“.

Во повикот за поголема излезност на изборите Маричиќ укажува дека „Првиот круг на претседателските избори е екстремно важен“.

„Да не оставаме на случајности. Вашиот глас е вашата сила. Употребете го вашиот глас како личен придонес кон подобра европска иднина за вас и за Македонија“, порачува тој.

Според него, Стево Пендаровски покажал дека е Претседател на сите граѓани и „цврсто го држи заедно македонското општество и застанал како бедем против делбите“. „Тој е најдобриот претставник на нашата држава пред светот, тоа веќе го покажа на дело“, додава Маричиќ.

„Драги сограѓани, уште во првиот круг на 24 април да излеземе масовно и да покажеме дека огромното мнозинство гласови за Стево Пендаровски е најава за победата и на парламентарните избори на 8 мај. Вашиот глас за нашиот претседател Пендаровски на 24 април, го крева бранот за победа за европска Македонија“, заклучува тој.

- Реклама -