Почина познатиот италијански моден дизајнер, Роберто Кавали


Роберто Кавали, познатиот италијански дизајнер, почина денеска на 83-годишна возраст. Италијанската новинска агенција АНСА објави дека дизајнерот починал дома во Фиренца, градот во кој е роден, по долго боледување.

Роберто Кавали е роден во 1940 година во Фиренца. Татко му бил надзорник во рудник и многу рано го изгубил (Германците го убиле за време на Втората светска војна). Неговата мајка Марсела била шивачка, а во неговиот живот и во животот на сестра му имала големо влијание, бидејќи сама ги воспитувала.

Во 1957 година кавали влегол во Академијата за уметности, двоумејќи се дали да ги следи стапките на својот дедо и да стане сликар или да стане архитект. На универзитетот почна да излегува со колешка која подоцна му станала прва сопруга. Во тој период почнува повеќе да размислува за својата иднина и за желбите, и еден пријател го поканил рачно да ја наслика линијата за трикотажа. Тој проект стана хит меѓу младите, па Роберто се заинтересирал за дизајн на текстил и почнал да дизајнира фармерки и маици во хипи дух. Почнал да работи за Марио Валентино, дизајнер од Неапол кој бил специјалист за чевли и за кожни производи. Таму пронашол и патентирал посебна техника на печатење на кожа, која успешно се користи и денес.

- Реклама -