Без победник во дуелот меѓу Вест Хем и Тотенхем


Фудбалерите на Тотенхем Хотспур аи ги намалија шансите за пласман во Лигата на шампионите следната сезона играјќи 1:1 (1:1) на гостувањето кај Вест Хем Јунајтед во натпреварот од 31. коло на англискиот шампионат.

Тотенхем поведе со голот на Џонсон во 5, а израмни со Зум во 20 минута.

Петтопласираниот Тотенхем сега има 57 бода, два помалку од четвртопласираната Астон Вила која го држи последното место кое води во Лигата на шампионите, додека Вест Хем е седми со 45 бодови.

На врвот е Ливерпул со 67 бодови, втор е Арсенал со 65, а трет Манчестер Сити со 64.

РЕЗУЛТАТИ ОД 31. КОЛО,
Вторник:
Нотингем Форест – Фулам 3:1
Њукасл Јунајтед – Евертон 1:1
Бурнмаут – Кристал Палас 1:0
Барнли – Вулверхемптон Вондерерс 1:1
Вест Хем Јунајтед – Тотенхем 1:1

- Реклама -