Корисниците на Инстаграм пријавуваат проблеми со платформата

„DownDetector“, кој ги следи технолошките прекини, објави дека проблемите започнале нешто пред 12:00 часот, а најголем број проблеми се пријавени од Лос Анџелес и Њујорк.

Неколку корисници пријавиле дека ја добиле истата порака „обидете се повторно подоцна“ и пишувало дека „ограничуваат одредени активности за да ја заштитат заедницата“, што дополнително ја зголеми конфузијата меѓу корисниците, пишува „foxla.com“.

Еден корисник пријавил дека апликацијата „не му дозволува да коментира, дури ни на сопствените објави“.

„Не можам ни да коментирам на моите објави… нешто за заштита на заедницата. Не уживам во оваа многу смешна првоаприлска шега“, објави корисникот.

Засега Мета не излезе со соопштение во врска со пријавениот прекин.

Извор: Б92

- Реклама -