10 измислени ликови со хендикеп

profesor_xВеќе многу ликови од популарнaта култура се со хендикеп, но тоа не ги прави помалку силни или храбри. Понекогаш тоа е нивната главна особина, понекогаш ги сакаме поради тоа, а и понекогаш тоа е темата на приказната. Со оваа листа им оддаваме почит на 10 такви ликови, без некој посебен редослед.

Веќе многу ликови од популарнaта култура се со хендикеп, но тоа не ги прави помалку силни или храбри. Понекогаш тоа е нивната главна особина, понекогаш ги сакаме поради тоа, а и понекогаш тоа е темата на приказната. Со оваа листа им оддаваме почит на 10 такви ликови, без некој посебен редослед.

10. Тими и Џими Вулмер
timmy_w7cjzf-tm

Дури два познати ликови од серијата „Саут Парк“ се и со ментален и со физички хедикеп. Многу луѓе (кои не ја гледаат серијата) се навредени од овие ликови, сметајќи ги за деградирачки. Но, фановите на шоуто ги знаат и ги сакаат. Дури и многуминна сметаат дека шоуто е популарно баш поради овие теми за хедикеп кои ги обработува, каде што таквите карактери не се предмет на подбив, туку се прикажани како дел од дружината.

9. Професор Икс
home-page-tm

Лидерот и основачот на X-Men дружината е еден од најпознатите стрип херои на сите времиња. Тој е телепатски мутант кој е заробен во својата инвалидска количка, но сепак успева да управува со училиште, да обезбеди засолниште за други мутанти и да стои на чело од една од најголемите дружини во историјата на стрипот. Овој лик е инспириран од Мартин Лутер Кинг Јуниор, Френсис Ксавиер и Јул Бринер.

8. Поручникот Ден
lt-dan-forrest-gump-2980584-700-354-tm

Ликот-икона е инспирација за многу шеги и ќе остане запаметен се додека „Форeст Гамп“ е популарен. Изведбата на Гери Синис како хедикепиран ветеран е една од најдобрите и најоригиналните во воените филмови.

7. Пелсвик
pelswck2-tm

Детето со чудно име беше звезда на серијата „Пелсвик“, серија со краток век на траење која се прикажуваше на телевизијата Nickelodeon од 2000 до 2002. Серијата го следеше Пелсвик и неговиот ангел чувар и го поддржуваше ставот на Пелсвик да не го третираат поинаку. Но, ако некој го третирал поинаку, сигурно тоа било само поради неговото име.

6. Џејк Сали
screen-shot-2010-05-28-at-9-27-05-am-tm

Протагонаистот од популарниот филм „Аватар“ беше никој друг туку наредникот Џејк Сали. Хедикепиран Маринец од Земјата, кој е регрутиран да го замени својот брат близнак за да раководи со програмата Аватар. На месечината на Пандора, тамошните жители, На’ви, комуницираат со контролирани На’ви хибриди, со кои управува Џејк Сали. Тој успева да се ослободи од својата количка поминувајќи повеќе време во неговото Аватар тело.

5. Линколн Рајм
mv5bmtqwnzy2mjq1ov5bml5banbnxkftztywodkxnje3-_v1-_sx475_sy344_-tm

Рајм е поранешен форензички експерт кој е повреден во несреќа. Но, тоа не го спречува да се бори против криминалот, најчесто со помош на други луѓе. Повеќетто го препознаваат од серијата книги на Џефри Дивер, но исто така и како Дензел Вашингтон од филмот „Собирач на коски“.

4. Џо Свансон
joe-legs_1-tm

Вулгарниот и смешен лик од серијата “Family Guy” е мускулестиот полицаец, Џо Свансон, кој исто така е и парализиран. И покрај својот „хедикеп“, Џо сепак успева да биде најдобриот полицаец таму, да го контролира својот бес и да се ожени со жена која е бремена веќе 8 години:)

3. Л. Б. „Џеф“ Џефрис
picture-2-15-tm

Најдобро портретиран од Шиа Лабуф во „Disturbia“,…само се шегуваме. Тоа е погрешно од најмалку 3 причини: неговото име не беше Џефрис, не беше хендикепиран и дефинитивно не беше најдобриот. Таа чест му припаѓа на Џејмс Стујарт во оригиналот на Хичкок. Професионалниот фотограф пати од скршена нога и е „заробен“ во неговиот апартман, во инвалидска количка. Но годината е 1954, па нема многу со што да се забавува. Па, тој почнува да го гледа својот сосед со двоглед и многу брзо е вмешан и во животот на неговата сосетка и еден сериски убиец.

2. Доктор Стрејнџлав
alien-hand-5-tm

Претседателот на Соединетите Држави мораше да побара совет од докторот Стрејнџлав кога сакаша да пушти нуклеарки врз Советскиот Сојуз. Покрај неговите нацистички поздрави, обидите да се контролира себеси и (верувале или не) да прооди пред Земјата да биде уништена, овој лик дефинитвно го заслужи своето место на оваа листа.

1. Џон Лок
lost_locke-tm

Една од звездите на најпопуларната ТВ серија, „Изгубени“, Џон Лок (крстен според филозофот и портретиран од Тери О’Квин, кој доби Еми за неговата улога) е единствениот со хендикеп. Откако неговиот авион, летот Oceanic 815, ќе падне на мистериозен остров, Џон Лок се буди и одеднаш ги чуствува своите нозе. Тој почнува не само да оди, туку и да им помага на другите преживеани, да најде вода, да улови дива свиња и да изгради засолниште. Па зашто тој е на оваа листа? Затоа што последните 4 години од својот живот тој ги поминал во количка. Не само што татко му ќе му го украде бубрегот, туку и ќе го фрли низ прозорец со што Џон Лок ќе остане парализиран од половината надолу. И никој нема да ја заборави неговата веќе препознатлива фраза: Don’t tell me what i can’t do! (Не ми кажувај што не можам да направам!). Останатото е телевизиска историја.
- Реклама -