Касами: Се сомневаме дека техничката Влада ќе организира фер и демократски избори

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами, во изјава за медиумите по денешниот последен годишен брифинг со новинарите во Тетово изрази сомневање дека техничката влада ќе ги исполни целите за организирање на фер и демократски избори. Според него причината е во изборот на ДУИ таа Влада да ја предводи нивниот предлог за премиер Талат Џафери. Исто така и поради тоа што, како што рече, и владејачките партии ги предложија речиси истите досегашни министри.

-Техничката влада треба да работи во делот на создавање доверба кај граѓаните дека изборите ќе бидат фер, демократски и прифатиливи за сите граѓани. Имајќи предвид и дека ДУИ го предложи г-динот Џафери за премиер во техничката влада, ние се сомневаме дека таа техничка влада ќе ги исполни овие цели. Затоа што господинот Џафери и во сегашната позиција не беше прославен со неговиот однос спрема институцијата која ја водеше, имајќи предвид дека е предложен политички, имајќи предвид дека е еден од ткн. војници на ДУИ и во делот на партизација на институциите, ние се сомневаме дека тој повеќе работи за спасување на неговите сопартијци и спасување на неговата партија, отколку за да организира фери демократски избори, истакна Касами.

Лидерот на Движење Беса рече дека како албанска опозиција со или без член на државната изборна комисија нема да дозволат да биде злоупотребен гласот на нивните гласачи.

-Не се работи за минорни политички парти се работи за политички партии кои во моментот во Собрание има шест пратеници во моментот раководат сотри општини, Тетово, Желино и Чаир и имајќи го предвид овој потенцијал, капацитет на оваа здружена опозиција ние гарантираме на граѓаните дека ќе се бориме до крај во Македонија 2024 да има фер и демократски избори. Избори кои ќе ми бидат прв чекор кон продолжување на евроинтеграцискиот процес. Ако власта се обидува да организираат избори со кои тие ќе се спасат, но државата ќе ја турнат уште повеќе во провалија ние тоа нема да го дозволиме, смета Биљал Касами.

На новинарско прашање како поточно мислат косовската партија Самоопределување да биде дел од изборните листи, Касами посочи дека таква можност има само за еден човек државјанин на Македонија.

-Еден со кој разговараме е господинот Ѓоку кој бил пратеник во собранието на Македонија, кој истовремено е и член на Самоопределување во Косово. Значи во ниту ден случај не и да сакаме, не можеме да го прекршиме законот за да Самоопределување учествува без да биде регистрирана како политичка партија тука. Но имајќи ги предвид резултатите на Самоопределување во Косово, ние цениме дека таа определба за борба против корупција и злоупотреба на државните јавните позиции треба да се пренесе и тука. Од прилика беше иста ситуација, во име на патриотизам во име на војната во Косово 99 година и 2001 година тука, после истите луѓе правеа криминал и корупција се збогатија на товар на граѓаните. Затоа цениме дека тој дух на борба против корупција треба да се проследи, истакна Касами.

- Реклама -