Благодарение на зголемениот увоз на руска нафта, Турција годинава заштедила 1.83 милијарди евра

Турција заштеди околу 1.83 милијарди евра годинава со зголемување на увозот на руска нафта и нафтени деривати по намалени цени, пренесуваат западните агенции, повикувајќи се на податоци од агенцијата LSEG и проценки на трговците.

Турција стана најголемиот увозник на руски енергенси во западната хемисфера, откако европските земји го прекинаа најголемиот дел од увозот на нафта и гас од Русија поради инвазијата на Украина која започна во февруари 2022 година.

Кина и Индија увезоа повеќе нафта од Русија отколку Турција, но Анкара заштеди повеќе од нив благодарение на близината на Турција до руските пристаништа.

Географската близина на Русија и Турција ги намалува транспортните трошоци.

Русија извезуваше 400.000 барели нафта дневно во Турција во ноември, што претставува околу 14 отсто од вкупниот глобален извоз на нафта на Русија минатиот месец, покажуваат податоците на агенцијата.

МИА

- Реклама -