Француската влада го запира финансирањето на најголемото муслиманско средно училиште во земјата

Француската влада ќе престане да го финансира најголемото муслиманско средно училиште во земјата поради административни пропусти и сомнителни наставни практики, соопштија денеска локалните власти.

Приватното училиште „Авероес“, првото муслиманско средно училиште отворено во Франција во 2003 година во северниот град Лил, има повеќе од 800 ученици и потпиша договор со државата во 2008 година.

Учениците следат официјална француска наставна програма, но во октомврискиот извештај во кој имале увид некои светски агенции, локалната канцеларија на Министерството за внатрешни работи наведува дека во училиштето има „административна и финансиска дисфункција“ и оти „дел од наставата не е во согласност со француските републикански вредности“.

- Реклама -