Mаж од Кипар сакал судската казна од 500 евра да ја плати со ситни пари, наполнил цел куфер

Со куфер полн со 15.500 монети од по еден, два, пет и десет центи, млад Кипранец пристигнал во судот во Лимасол за да плати парична казна од 500 евра, објави кипарскиот портал „Филењуз“, јави дописничката на МИА од Атина.

Казната била за возење без дозвола, а според сајтот, изречена во 2022 година.

Мажот решил да ја плати, не со картица или готовина, туку со монетите спакувани во патничка торба тешка 50 килограми, која ја сместил во куфер.

„Филењуз“ пишува дека надлежните од судот му рекле дека парите не можат да ги примат во центи и дека мора да оди во банка за да ги смени.

Кипранецот, говорејќи за сајтот коментирал дека и центите се пари и дека е неприфатливо да не се прифаќаат.

- Реклама -