37 правила за фер караници

Караница Постојат безброј натписи на интернет кои се однесуваат на правилата за фер караници. Но, читајќи ги, добивате впечаток дека секогаш постојат нови и нови нешта на кои никогаш не сте посветиле внимание. Затоа, следува еден сублимат на есенцијалните правила кои треба да ги почитувате за да не ја расипете вашата романтична врска.


Постојат безброј натписи на интернет кои се однесуваат на правилата за фер караници. Но, читајќи ги, добивате впечаток дека секогаш постојат нови и нови нешта на кои никогаш не сте посветиле внимание. Затоа, следува еден сублимат на есенцијалните правила кои треба да ги почитувате за да не ја расипете вашата романтична врска.

КараницаНешта што треба да ги правите:

1. Соочете се со она што е пред вас во моментот. Сè што е постаро од 24 часа станува ѓубре, а вадењето ѓубре во караници е недозволиво.

2. Преземете одговорност. Користете реченици со личната заменка „јас“ за да покажете дека имате чувство за себе и за одговорност.

3. Бидете директни и искрени за чувствата и нештата што ги сакате.

4. Слушајте внимателно!
Секогаш, најважна е перцепцијата. Проверете дали вашиот партнер го слуша она што сакате да го искажете со зборовите, но истовремено потрудете се да сфатите дали она што го слушате е тоа што партнерерот сака да го каже. Нема ништо полошо од недоразбирања.

5. Дајте си еднакво време!
Двајцата инволвирани во караницата треба да имаат еднаква можност за „изнесување на својот случај“.

6. Напаѓајте ги аргументите, никогаш личноста.
Ако започнете некого да навредувате, сосема е нормално кај него да се јави гнев и тој да се стави во дефанзива. Кон навреди обично прибегнуваат оние што ја губат караницата. Навредите сепак се најбрзиот пат кон губење на довербата.

7. Парафразирајте го чуеното.
„Знам дека сакаш да ми кажеш како си помина денес, но имам уште 4 минути да завршам нешто и тогаш ќе го имаш целото внимание“. Парафразирањето ви дава и време да размислите за одговорот.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

8. Фокусирајте се на решавање на проблемот, т.е. наоѓање решение, наместо да мислите на победа во караницата. Најдобри романтични караници се оние во кои нема поразени.

9. Проблем по проблем.
Нелогично е да почнете одеднаш да зборувате за сè, вклучително и временската прогноза.

10. Ограничете ги дискусиите.
Не си давајте повеќе од половина час за зборување. Возрасните луѓе имаат ограничено внимание и по некое време губат концентрација. Дополнително, откако ќе се изморите, поголема е веројатноста да кажете нешто за што подоцна ќе зажалите. Затоа, ако не дојдете до решение за одреденото време, презакажете.

11. Компромис.
Дадете малку за да добиете малку.

12. Внимавајте на еднаквоста!
Играте за ист тим, според тоа, нема потреба од игри во кои ќе се демонстрира надмоќ за да се победи. Можеби така ќе ја добиете битката, но речиси сигурно ќе ја изгубите војната.

13. Земете тајм-аут!
Направете пауза за да ги анализирате чуените нешта. Кога ќе земете здив, многу е полесно да се добие подобра перспектива за нештата. Многу полоша варијанта е караницата да трае и трае, нештата да се пластат и пластат до моментот кога веќе нема да знаете каде сте започнале или каде ќе завршите.

14. Дозволете можност за повлекување или промена на мислењето.


15. Говорете нежно.
Ако вие и вашиот партнер имате тенденција кон повишување на гласот, обидете се со шептење.

16. Идентификувајте и дефинирајте го проблемот.
Откако ќе го одредите предметот на дискусијата, не ја менувајте темата. Не се обидувајте да внесете и неповрзани нешта. Ако имате нешто друго за разговор, чувајте го за следниот пат.

17. Држете се за раце!
Не се караме меѓу себе, туку се обидуваме да најдеме заедничко решение на заеднички проблем, нели?

18. Поставувајте прашања кои ќе ги разјаснат нештата, наместо прашања кои ќе судат!
Избегнувајте ги прашањата кои започнуваат со „зошто“. Обично тие прашања го ставаат соговрникот во дефанзива и ефективно го прекинуваат разговорот.

- Реклама -