Пентагон: 46 американски војници повредени во нападите во Ирак и Сирија за помалку од еден месец

Американските сили стационирани во Ирак и Сирија биле нападнати најмалку 38 пати за помалку од еден месец, вклучително и шест напади во изминатите два дена, соопшти Пентагон.

Нападите со беспилотни летала и ракети беа извршени од групи поддржани од Иран.

Според официјални претставници на американската одбрана, американската војска спречила поголем дел од нападите или тие не успеале да ги достигнат целите, без жртви или оштетувања на инфраструктурата.

Според бројките презентирани од портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пат Рајдер, 46 американски војници се повредени во нападите, 32 во Сирија и 14 во Ирак, што е повеќе од двојно повеќе од претходно пријавениот број на повредени.

МИА

- Реклама -