Барселона забрани внесување знамиња на Израел и Палестина и симболи поврзани со конфликтот на „Камп Ноу“

Израелските и палестинските знамиња се забранети на домашните натпревари на шпанскиот фудбалски клуб Барселона.

Каталонскиот клуб за ова ги информираше навивачите преку канали за внатрешна комуникација.

Полицијата на Барселона оваа мерка ја означи како „задолжителна“ од страна на клубот.

Во текстот испратен до навивачките групи се наведува дека „секакви симболи, банери, текстови и други елементи кои се однесуваат или можат да бидат поврзани со конфликтот меѓу Израел и Хамас, како и самите израелски и палестински знамиња се забранети на стадионот „Камп ноу“.

Барселона утревечер од 21 часот ќе биде домаќин на Атлетик Билбао во натпревар од 10. коло на Ла Лига.

МИА

- Реклама -