Касами: Нема да гласаме за уставните измени

Сѐ додека не се внесе промената на формулацијата од „20 отсто јазикот што го зборуваат граѓаните“ во „албански јазик“, пратениците на БЕСА нема да ги гласаат уставните измени, вели лидерот на движењето Биљал Касами.

Во интервју за „Радио слободна Европа“, Касами вели дека албанската опозиција окрупнува и ја отвора вратата за партиите кои ќе ѝ се спротивстават на ДУИ и за претстојните претседателски избори најавува заеднички кандидат на опозицискиот фронт.

Прашан за уставните измени и зошто БЕСА не учествуваше со свој кандидат во Работната група за уставните измени, Касами рече дека очекувале дека Владата ќе биде поразумна.

„Сѐ додека владата не гледа интерес да го слушне нашиот глас, нема да гласаме за уставните измени. Нашата позиција е јасна“, категоричен е Касами.

„Ние сме недвосмислено за уставните измени, бидејќи тоа го убрзува нашиот пат кон ЕУ. Но Владата покажа уште еднаш дека не е заинтересирана да ги турка напред уставните измени, отколку што е заинтересирана да ги преживее и последните денови и да го тера мандатот до крај. Зошто? Ние како движење пуштивме формално барање, но и заеднички став на албанската опозиција е дека во делот на уставните измени треба да влезе и промена на формулацијата на албанскиот јазик од ‘јазикот што го зборуваат 20 посто од граѓаните’ на формулацијата ‘албански јазик’. Владата не чувствува ни најмала одговорност тоа да го стави во процедура без да има обврска во Собранието да ни ги обезбеди гласовите“, рече тој, притоа критикувајќи ги и ДУИ и Алијанса за Албанците што не покажале интерес да го отворат ова прашање. БЕСА сака тоа да се случи и за да, како што вели Касами, да знаат и тие самите со кого да разговаат во иднина.

Извор: МИА

- Реклама -