365.com.mk најавува: ФОРУМ!

forum@365.com.mkПо долгото Бета тестирање на форумот, 365.com.mk со задоволство ви најавува: forum@365.com.mk. Уште една алатка која се надеваме ќе ви помогне во вечната онлајн потрага по нови знаења. За да видите што е тоа што го прави овој форум поразличен од другите, кликнете на сликата. Фотографијата е ставенa строго од маркетишки причини.

 
По долгото Бета тестирање на форумот, 365.com.mk со задоволство ви најавува: forum@365.com.mk. Уште една алатка која се надеваме ќе ви помогне во вечната онлајн потрага по нови знаења. За да видите што е тоа што го прави овој форум поразличен од другите, прочитајте подолу.
 
 
 
 
ОВА Е ФОРУМ ОД ЗАТВОРЕН ТИП. РЕГИСТРАЦИЈАТА Е МОЖНА САМО ВО ТЕКОТ НА ФЕВРУАРИ.
 
 
 
Во недостаток на било каков квалитетен форум на македонскиот интернет, 365.com.mk објавува:

 
ФОРУМ@365.COM.MK

Овој форум е од затворен тип. Овoj форум е замислен како алатка за сите оние што се во вечна онлајн потрага по нови знаења и сакаат да ги прошират своите хоризонти. Нашата цел е да овозможиме основа за македонскиот интелектуален ум, поврзување на генерациите и место каде луѓето би можеле да дискутираат на дадени, или пак теми кои тие би ги предложиле. Екипата на 365.com.mk се потруди да пронајде високо квалификувани модератори, па доколку вашата замисла за дискусија се сведува на банални теми, нема потреба да им го трошите времето и просторот на оние на кои им значи многу повеќе.

За да учествувате на форумот на 365.com.mk најпрво треба да направите налог. Налог може да креирате под следните услови:

1. Ако ве покани некој постоечки член (обичен член, модератор, администратор)
2. Ако сте истакнато стручно лице во некоја област ќе добиете VIP налог. Претходно, испратете мејл на forum@365.com.mk со образложение.

 
 
 
Правила на форумот
 
 
Пораките на форумот претставуваат ставови и мислења на авторите, а не на сопствениците на овој форум или администраторите. 365.com.mk не одговара за содржините на пораките или ставовите изнесени во нив. Сите пораки се сопственост на авторите.

Пораките кои содржат навреди, закани, вулгарности (иако вулгарни изрази во одредена смисла не се против строгите правила на форумот, Ве молиме да ги користите умерено), порнографија, отворени клевети или повикување на насилство, како и сите пораки кои администраторите ги сметаат за непристојни, ќе бидат избришани. Ова  ги вклучува (но не се ограничува) сите облици на национална, расна, верска, сексуална или било каква омраза.

Не е дозволено повторно отворање на теми (topics) кои се веќе отстранети или затворени од модераторите.

Пред да напишете пост, проверете дали темата (или слична на неа) е претходно дискутирана на форумот. Користете ја опцијата за пребарување. Воедно, одберете наслов кој најдобро ќе ја опише темата за која би сакале да дискутирате.

Ве молиме да се придржувате до содржината на темата. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока можат да бидат избришани или префрлени во друга тема.

Потрудете се вашите постови да бидат рационални и обмислени. Постови и топици кои од модераторите се проценети како неадекватни ќе бидат избришани, а на членовите кои често ги испраќаат ќе им биде одземен налогот.

Не е дозволено никакво пропагирање, вклучувајќи политичко, религиозно и комерцијално.

Користете свои зборови. Ако сакате да ги користите зборовите на некој друг, тогаш цитирајте ја личноста со наводници. Плагијатот не е етички и воедно е кривичен прекршок во многу земји.

Не линкувајте до сајт кој има сексуално ориентирана содржина или пак содржина која може да се смета за непристојна. Секој пост со непристоен линк ќе биде избришан, а на членот што го напишал ќе му биде изречено предупредување.

Членовите на форумот можат меѓусебно да комуницираат преку приватни пораки. Ве молиме да ја почитувате приватноста на останатите членови и да не испраќате приватни пораки, освен ако навистина не е потребно.

Не е дозволено користење на повеќе од едно корисничко име (налог). Домејн имиња во налогот не се дозволени.

Не е дозволено користење на материјали кои се заштитени со авторски права.

Во коментарите не е дозволена употреба на: (CAPS), гломазни фонтови, JavaScript, табели, посебни header-и или слични HTML содржини.

Одговарајте разумно на коментарите и бидете пристојни во секое време. Конструктивната критика е добредојдена, но навреди упатени кон другите членови на форумот нема да бидат толерирани.

Не е дозволено користење на долги и навредливи потписи. Потписи со слика истотака не се дозволени.

Ви препорачуваме да не оставате лични информации за себе (број на телефон, адреса и сл.). Истотака, не оставајте податоци за останатите корисници на форумот. Ве молиме да не шпекулирате и околу идентитетот на другите членови.

Корисници од други држави се добредојдени. Можете да користите било кој јазик, но не очекувајте дека сите ќе ве разберат.

Ако постирате на македонски, кирилицата е задолжителна.

Ако чувствувате дека некој од постовите ги прекршува овие правила, пријавете го тоа на forum@365.com.mk

Сопственикот на форумот НЕ СЕ ОБВРЗУВА да ги образложи своите причини за отстранувањето на пораките и го задржува правото да ги избрише налозите на корисниците кои ги кршат горенаведените стандарди.

 
 
КОРИСТЕЊЕТО НА ФОРУМОТ НА 365.COM.MK Е ПРИВИЛЕГИЈА, А НЕ ПРАВО.

Искрено,
365.com.mk и модераторите

 
 
 
- Реклама -