Лазејќи кон ЕУ ќе нѐ изглодаат кучиња (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Глутница улични кучиња напаѓаат жена додека таа панично бега и вреска од страв. Во еден момент таа паѓа, а за среќа  набрзо дотрчуваат соседи да ги избркаат кучињата. Ова е сцената, којзнае која ваква по ред, снимена во Тетово и објавена на Фејсбук порталот „Тетово инфо“.

Како што на јавноста, а особено на тетовци им е веќе познато, Тетово има сериозен и, што е „најсмешно“ – долгогодишен проблем со уличните кучиња. Се разбира, конкуренцијата е голема и со други градови во државата.

За конкретниов случај од видеото, на медиумите и социјалните мрежи некаде ќе прочитате дека кучињата напаѓаат жена, а некаде дека е девојче, но впрочем и не е важно – (ако продолжиме вака) и онака сите ќе нѐ изедат.

До моментов нема информации дали и со колку сериозни повреди завршила тетовчанката.

- Реклама -