Русите пронашле неексплодиран дрон во близина на Москва

Руските безбедносни сили пронашле дрон, вооружен со експлозив, во шума североисточно од Москва, јави државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на безбедносни извори, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Според агенцијата, дронот бил „скршен“ на два дела.

„Во моментов се испитува за да се утврди кој го лансирал дронот и каде летал“, изјави портпаролот на безбедносните сили.

Во московскиот регион има неколку потенцијални воени цели, посочува ДПА.

Извор: МИА

- Реклама -