Касами: Бришењето на „20%“ може да стане услов за уставните измени

Укинувањето на формулацијата „20%“ од Уставот која се однесува на Албанците може да прерасне од барање во услов за уставните измени, изјави лидерот на БЕСА – Биљал Касами, во гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21.

Според него, ако тие, како опозиција, ги поддржат уставните измени, треба да има реципрочна поддршка и за укинувањето на формулацијата.

Истовремено, Касами оценува дека нивните аргументи за укинувањето на оваа формулација се „исто толку силни“ како и аргументите за внесување на бугарската заедница во Уставот.

„Ако има такво разбирање од нас како опозиција да ги поддржиме уставните измени со внесувањето на бугарската заедница во Уставот, очекуваме од друга страна иста таква поддршка и од албанските партии и од македонските партии што евентуално ќе се дефинира ‘20%’, што е понижувачки за Албанците. Треба да се избрише од Уставот и да се замени со ‘албански јазик’“, изјави Касами.

Извор/ФОТО: ТВ21

- Реклама -