Состави за ракометниот спектакл: Лазаровци, Мојсовци, Стојановиќ, Макалоски… (ФОТО)

Уникатното ракометно шоу, во продукција на Ракометната федерација на Македонија е на неколку минути до почетокот, публиката во „Борис Трајковски“ полека ги полни седиштата, а на теренот се преку 30 ракометари кои никогаш порано не биле заедно и, веројатно, нема ни да бидат повторно во ист натрпевар.

Актуелната репрезентација на Македонија против „Македонските ветерани“ од последниве деценија, деценија и пол. Во составот на актуелната репрезентација јасно е кој ќе го носи дресот, а интересно ќе биде да се видат некогашните ѕвезди обединети по толку години.

- Реклама -