Не поминаа ни пат минути – Франција ја разби мароканската одбрана (ВИДЕО)

Со гол на Тео Ернандез во 5. минута, Франција поведе против Мароко со 1-0, светскиот шампион брзо ги отвори Мароканците и им ги смени плановите.

Ернандез вешто скокна и со нога ја смести топката во мрежата на Мароко. Рано постигнат гол кој треба да донесе отворен фудбал.
 
Ова е и првиот гол кој го прима Мароко од противнички фудбалер на Мундијалот, претходно само еднаш се имаше затресено мрежата на Боно, но тоа беше од автогол.
 
- Реклама -