Двајца загинати во Полска во експлозија по пад на наводно руски проектили, премиерот свика итен состанок

Во селото Пржеводов на полската страна на полско-украинската граница попладнето се случила експлозија, а според првичните информации загинале две лица. Полските медиуми објавија дека војската и полицијата се на терен, но причината за експлозијата засега официјално не е позната.

Сепак, според дел од неофицијалните информации на медиумите, експлозијата се случила по пад на проектил (според дел од медиумите имало две експлозии, односно два проектила), а неименуван висок американски претставник изјавил дека експлозијата е предизвикана од руски ракети. Од Пентагон, меѓутоа, велат дека не можат да потврдат дека се работи за руски ракети.

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, итно го свика Комитетот на Министерскиот совет за прашања на националната безбедност и одбраната, соопшти владиниот портпарол Пјотр Мулер, но не откри која е причината за  состанокот, освен дека е свикан поради „кризна ситуација“.

Прочитајте и:  Блумберг: Европа ќе мора да ги удвои трошоците за одбрана поради војната во Украина

Пржеводов се наоѓа на 8 километри од границата со Украина, а според неофицијалните информации, погодена била сушара за жито.

- Реклама -