Подољак: Русија сака да го претвори Херсон во „град на смртта“

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак, денеска изјави дека Русија сака да го претвори Херсон во „град на смртта“.

Тој ги обвини руските војници дека минираат сè – од станови до канализација, и планираат да го гранатираат јужниот украински град преку реката Дњепар.

„Вака изгледа ‘рускиот свет’: Дојдоа, ограбија, славеа, убиваа ‘сведоци’, оставија урнатини и си заминаа“, напиша Подољак на Твитер.

Изјавата на Подољак уследи еден ден откако Москва им нареди на своите трупи да се повлечат од Херсон и да заземат одбранбени позиции на спротивниот брег на Дњепар.

МИА

Прочитајте и:  ЕУ поделена околу одлуката на Бајден за напади длабоко во Русија, се стравува од нуклеарна војна
- Реклама -