Ковачевски: Ветив и исполнив, потпишувањето на договорот за Фронтекс е круна на заложбите за зачувување на македонскиот јазик

„Денес го потпишавме Договорот за Фронтекс на македонски јазик, без додавки, ѕвездички и фусноти. Македонскиот јазик и идентитет се зачувани и втемелени во европското законодавство. Тоа е ветувањето кое јас го дадов и тоа е ветувањето кое го исполнив“, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.

Овој чин, вели тој, е круна на заложбите за зачувување и промовирање на македонскиот јазик на нашиот европски пат и го издигнува на врвно рамниште статусот на македонскиот јазик при службената употреба со европските институции.

„Ја заокружуваме заложбата на нашите претходници за еманципација на македонскиот јазик, македонската култура и идентитет на европско рамниште“, додаде Ковачевски.

- Реклама -