Руски извори: Повторно бомбардирање на областа околу електраната Запорожје во Украина

Москва, 11 август 2022 (МИА) – Областа околу нуклеарната централа Запорожје денеска повторно беше цел на артилериски напади, изјави проруски функционер, обвинувајќи ги украинските сили за нападот.

„Активистите на (украинскиот претседател Володимир) Зеленски повторно ја нападнаа нуклеарната централа во Запорожје“, напиша на Телеграм Владимир Рогов, член на проруската администрација инсталирана од Русите во тој дел на јужна Украина.

Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Фабриката веќе беше цел на воздушни напади минатата недела, што ја зголеми загриженоста на меѓународната заедница.

Вечерва Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок на кој ќе се разговара за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје во Украина, додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за бомбардирање на тоа место.

Прочитајте и:  „Билд“: Германија на Украина ќе и испорача 4.000 дронови контролирани од вештачка интелигенција

Најмалку 14 лица загинаа во неодамнешните воздушни напади во близина на нуклеарната централа Запорожје, која беше преземена од руските сили.

- Реклама -