349 нови случаи на ковид, 12 починати

Во последните 24 часа направени се 2.754 тестирања, а регистрирани се 349 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 166
• Куманово – 23
• Штип – 22
• Прилеп – 18
• Битола – 17
• Кочани – 16
• Кавадарци – 13
• Тетово – 11
• Велес и Охрид – по 10
• Свети Николе – 9
• Неготино – 8
• Берово и Пробиштип – по 4
• Гевгелија и Демир Хисар – по 3
• Струмица, Кичево, Крива Паланка и Делчево – по 2
• Гостивар, Струга, Ресен и Виница – по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 3 починати лица од Скопје (51г, 64г и 85г), по 2 починати лица од Штип (64г и 75г) и Свети Николе (66г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (43г), Битола (60г), Радовиш (75г), Струмица (68г) и Дојран (62г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 208 оздравени пациент од:
• Скопје – 90
• Охрид – 37
• Куманово – 17
• Штип – 13
• Велес – 10
• Битола – 9
• Кавадарци – 7
• Крива Паланка – 5
• Неготино – 4
• Кочани, Свети Николе, Струга и Радовиш – по 3
• Пробиштип и Кичево – по 2

Досега во земјата се направени вкупно 1.385.429 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.552, бројот на оздравени пациенти е 188.540, на починати е 7.132, а бројот на активни случаи изнесува 6.880.

- Реклама -