Чешкиот министер за индустрија: ЕУ „заборави“ да предложи механизам за замена на руска нафта

Прага, 4 мај 2022 (МИА) – Забраната за увоз на руска нафта предложена од Европската Унија не вклучува механизми за споделување товар и заеднички набавки од други извори, изјави денеска чешкиот министер за индустрија и трговија – Јозеф Сикела.

Предлогот не ни покажува како дефицитот што ќе го создаде ембаргото ќе биде правично распределен меѓу членките, ниту пак го скицира механизмот на заедничка набавка и заедничка распределба. Сè уште го проучуваме, но тоа е проблематично за мене“, истакна Сикела.

Претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен, денеска во Европскиот парламент, претставувајќи го новиот пакет санкции против Русија, истакна дека ЕУ постепено ќе ја исклучува руската нафта и деривати од пазарот во следните шест месеци.

- Реклама -