Германска компанија за оружје побара да ѝ продаде 88 половни тенкови на Украина

Берлин, 26 април 2022 (МИА) – Германскиот производител на оружје „Рајнметал“, понуди на Украина да ѝ продаде 88 половни борбени тенкови „Леопард“. Понудата вклучува и обука во Германија, резервни делови и муниција, јави ДПА.

Како што е наведено, минатата недела било поднесено барање до Министерството за економски прашања за да се одобри набавката.

Германската влада доби уште едно барање од „Рајнметал“ – за испорака на 100 оклопни транспортери „Мардер“ за Украина.

Владиниот портпарол Штефен Хебешрајт изјави дека одлуката ќе биде донесена наскоро.

Весникот „Велт“ пишува дека „Краус-Мафеј Вегман“ сака да испорача 100 самоодни хаубици способни да погодат цели на 40 километри.

Прочитајте и:  Кремљ: Американската противракетна база во Полска бара соодветни мерки
- Реклама -