Шведска формираше Агенција за психолошка одбрана од Русија

Стокхолм, 5 јануари 2021 (МИА) – Шведска има нова агенција чија задача е одбрана од дезинформации, пропаганда и психолошка војна.

Поранешниот заменик-декан на Шведскиот воен универзитет – Хенрик Ландерхолм, ќе раководи со Шведската агенција за психолошка одбрана.

Официјалното отворање на Шведската агенција за психолошка одбрана се случи истиот ден кога претседателот на Финска, Саули Нинисто ја обвини Русија дека „се меша во суверенитетот на неколку земји-членки на Европска Унија, како Шведска и Финска“, барајќи од нив гаранции дека нема да дозволат ширење на НАТО на Исток.

„Дезинформациите се закана за шведската демократија, нашите законодавци и нашата незавосност“, изјави во октомври 2021 година шведскиот министер за внатрешни работи Микаел Дамберг.

Тој тогаш изјави дека прва задача на Агенцијата ќе биде да ги заштити изборите во Шведска од разни влијанија.

Ландерхолм како земји кои шират најмногу дезинформации со цел да се предизвикаат поделби во општеството и да ја поткопаат довербата во владата ги посочи Русија, Кина и Иран.

„Ако погледнеме како се формираат наративи за тоа како функционира Шведска или не, многу од нив се насочени кон дестабилизирање или поткопување на довербата во владините агенции“, истакна Ландерхолм.

- Реклама -