Од 1 јануари минималната плата во Црна Гора ќе биде 450 евра

Подгорица, 29 декември 2021 (МИА) – Пратениците во Собранието на Црна Гора денеска усвоија сет закони со кои се овозможува зголемување на минималната плата од 250 на 450 евра од 1 јануари 2022 година.

Се укинуваат придонесите за здравство, се воведува неодданочен дел на бруто платите до 700 евра, како и зголемување на даночната стапка на платите над 1.000 евра од девет на 15 отсто, јави Бета. За законите гласаше и дел од опозицијата, тие беа донесени со 50 гласа, иако власта има вкупно 41 пратеник. Промените на збирот закони се дел од програмата наречена „Европа сега“.

Одговарајќи на критиките дека немаат пари за овој план, министерот за финансии Милојко Спајиќ одговори дека смета на околу 400 милиони колку што има државни депозити.

- Реклама -