Сообраќајната полиција денеска од 9 до 15 часот на подрачјата на Тетово и Гостивар спровеле засилени контролни мерки со кои биле опфатени автобуси кои вршат јавен превоз. Притоа откриени се и законски санкционирани се седум такви возила.
„При контролата, откриени и санкционирани се седум технички неисправни автобуси од кои шест на тетовско и еден на гостиварското подрачје. Од нив, четири во Тетовско и едниот во Гостиварско имале неисправни сопирачки, додека преостанатите неисправен уред за управување и недостиг на опрема-ПП апарат“, информира порпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и против возачите и фирмите, правни лица, ќе следуваат соодветни поднесоци.
МИА