Реџепи-Зејд: Мојот услов беше Левица да не смее да биде дел од потпишувањето и така беше договорено

„Ако Левица остане на списокот за паѓање на Владата, јас нема да бидам дел од него, ниту ќе го поддржам гласањето“, вели пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд.

Во изјава за Телевизија 24, Реџепи објасни дека неговиот услов за поддршка бил Левица да не биде потписник на Иницијативата за гласање недоверба на Владата. Според него, на Алтернатива ѝ е наметнат коалициски партнер кој не бил договорен.

Нема да дозволам, подвлече пратеникот, да бидеме коалициски партнер со партија која се дои со антиалбанска реторика.

„Мојот услов беше, и кога потпишувавме, зашто ние потпишувавме веднаш по ВМРО-ДПМНЕ, Левица да не смее да биде дел од потпишувањето. Така беше договорено и ме убедуваа дека е така. Потоа, откако потпишав, веќе не ги видов документите, зашто ги земаа и отидоа на друго место, кој кај потпишуваше. Сега одам во потесното претседателство, таму ќе го пренесам мојот став за да изградиме заеднички став. Ќе побарам да бидеме сите искрени кон ставот дека нам ни е наметнат коалициски партнер кој не беше договорен“, изјави Реџепи.

Прочитајте и:  Левица поднесе интерпелација против Илире Даути за блокадата на законот за бранители

Лидерот на Алијанса за Албанците – Зијадин Села, пак, ставовите на Реџепи ги оцени како „низок ПР на ДУИ“, посочувајќи дека Левица е мала партија со само два пратеника и практично безначајна во однос на големите прашања, но и дека „антиалбански“ се и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Извор: МИА

- Реклама -