Шилегов го призна поразот и изрази задоволство што Скопје го остава во позиција за да продолжи неговиот развој

Скопје, 31 октомври 2021 (МИА) – Досегашниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов вечерва го призна поразот и и честиташе на неговата противкандидатка Данела Арсовска.

Тој изрази благодарност до неговиот тим со кој работел во изминатите четири години и успеале да остават, како што рече, неизбришливи траги со кои Скопје е оставен во позиција за да продолжи неговиот развој.

– Нашите булевари, нашите мостови, нашите покриви, веќе никој не ќе може да ги избрише. Драго ми е што Скопје го оставивме во позиција за неговиот развој да мора да продолжи. Ние ќе бидеме тука за сите прогресивни сили, за Скопје да продолжи да расте како развиен и модерен град. Нема да дозволиме да ни се случуваат силувања на градот како во минатото, изјави Шилегов на заедничката прес-конференција со Зоран Заев, кој поднесе оставка од функцијата лидер на СДСМ и премиер на Владата.

- Реклама -