Дали евентуалниот пораз во Скопје во вториот круг на локалните избори ќе значи оставка на премиерот Зоран Заев или Заев само сакаше да испрати порака за мобилизација? Прашан за ова, во гостувањето во ТВ „Сител“, премиерот повтори дека тој самиот и Влада предводена од него не можат да водат општини кои би имале политики кои ќе нѐ скараат со соседите или, како што вели, би се залагале за барок наспроти модерни булевари и решенија.
„Пораката е генерално за мобилизација. Јас сум борец човек. Сум се борел против режим, се борев со храброста во одлуките на дипломатските маси, за меѓународните проблеми, внатре сум се борел комплетно за да го соединам ова општество во едно општество за сите. Сум носел храбри одлуки и јас сум тука за да се борам“, изјави Заев.