Професорот Ванчо Ѓорѓиев ја напушти историската комисија со Бугарија, обвинува за директно политичко мешање и пробивање на националните црвени линии

Професорот на катедрата за историја на Филозофскиот факултет во Скопје – Ванчо Ѓорѓиев, досегашен член на мешовитата комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, денеска соопшти дека се повлекува од ова тело.

Како што вели Ѓорѓиев, причините за неговата оставка се мешање од страна на висок функционер во МНР и како резултат на тоа отстапување од утврдените принципи за консензуално носење одлуки по сите прашања, но и несогласување со вчера разменетите предлози и идеи за македонските учебници со кои тој не се согласува, како и, демонстрираните ставови на последната средба од страна на другите членови на македонскиот дел од Комисијата кои, според Ѓорѓиев, не само што се спротивни од црвените линии утврдени со Резолуцијата усвоена во македонското собрание, туку и со македонските национални интереси.

Во продолжение, соопштението во целост:

„СООПШТЕНИЕ

Раководејќи се од професионалниот интегритет и личните принципи, ја известувам македонската јавност дека од денес, 22.10.2021 година, ја напуштам работата во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Одлуката е мотивирана од следниве околности:

1. Во последно време имаше отворени обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата што кулминираше во текот на првиот работен ден (21.10.2021 година) на XV редовна средба преку директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР;
2. При такви околности, под влијание на двојното водство во македонскиот дел од Комисијата, се отстапи од утврдените принципи за консензуално носење одлуки по сите прашања; при што не беше испочитувано договореното на координативниот состанок од 20.10.2021 година;
3. Нагласувам дека изготвените и разменети предлог-идеи, донесени и разменети во текот на вчерашниот ден од страна на македонскиот дел од Комисијата за препораки за учебниците за VII одделение за македонските учебници, се без моја согласност;
4. Демонстрираните ставови на последната средба од страна на другите членови на македонскиот дел од Комисијата, не само што се во спротивност со Резолуцијата усвоена на 29.07.2021 година од македонското Собрание, со која се утврдуваат црвените линии во преговорите меѓу Република Македонија и Република Бугарија, туку и со македонските национални интереси;
5. Ги охрабрувам членовите на Комисијата кои повремено споделувале со мене слични ставови и вредности, да не ја „виткаат кичмата“.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

Проф. д-р. Ванчо Ѓорѓиев с.р.
Скопје, 22.10.2021“

- Реклама -