Софија: Уништувањето на бугарските воени гробишта во Северна Македонија не е европска вредност

„Бугарија придава големо значење на прашањето за зачувување на бугарското културно-историско наследство и на бугарските воени гробишта во Република Северна Македонија и со години води политика за пребарување и обнова на бугарските воени гробишта и споменици во земјата“, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарското Министерство наведува дека во најголем дел тие се во многу тешка ситуација, како резултат на „конзистентната политика на дебугаризација во минатото на територијата на денешна Република Северна Македонија“ и дека постојано се обраќа за помош до властите во Скопје, „кои знаат дека ова е едно од болните прашања за Бугарија“.

„Повиците до властите во Република Северна Македонија за помош во потрагата, реставрацијата и заштитата на бугарските воени гробишта беа упатени во едногласно усвоената Декларација на 10 октомври 2019 година на 44-то Народно собрание. Затоа, информацијата за уништување на две бугарски воени гробишта на територијата на Република Северна Македонија, испратена од Фондацијата Македонија, ја сметаме за многу сериозна и Министерството за надворешни работи на Бугарија активно работи на разјаснување на фактите и преземање соодветни мерки“, се додава во соопштението.

Прочитајте и:  Средба Сиљановска Давкова - Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

Бугарското МНР при тоа наведува дека „почитувањето на сеќавањето на мртвите е универзално прашање и пристапот кон него е знак за степенот на перцепција на европските вредности“.

- Реклама -