Анкета на Стратум: 26.1 проценти од граѓаните би гласале за СДСМ, 23.8 проценти за ВМРО-ДПМНЕ

Доколку утре се одржат локални избори, поголем процент од граѓаните би гласале за СДСМ, покажува истражувањето за расположението на граѓаните спроведено од страна на агенцијата „Стратум РиД“ во последната недела од септември и првата недела од октомври.

Според резултатите, 26.1 процент од граѓаните опфатени со истражувањето се изјасниле дека би гласале за СДСМ, а 23.8 проценти за ВМРО-ДПМНЕ.

За Демократската унија за интеграција би гласале 11.64 проценти, а за Алијанса на Албанците 11.49. За БЕСА би гласале 2.87 проценти. Поддршка за независните кандидати би дале 11.2 проценти.

Од вкупниот број испитаници, 14.3 проценти се изјасниле дека нема да гласаат, а 8.7 проценти дека не знаат дали би излегле на гласање.

Резултатите од истражувањето покажуваат благ оптимизам кај граѓаните во споредба со периодот јули 2020 година кога оптимизмот беше на најниско ниво.

На прашањето „Какви се финансиските очекувања во Вашето домаќинство во следните 12 месеци“, скоро кај една четвртина од населението очекувањата се подобрени, а кај половина останати се исти. Една шестина од населението се чувствува финансиски послабо од претходно но, овој процент, како што наведуваат од Агенцијата, 18 месеци по првиот бран од пандемијата се чувствува помалку несигурно односно со статистички значајна разлика од над 5 проценти.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска е уште една продолжена рака на Заев во СДСМ

Најголем дел од испитаниците ја оценуваат финансиската состојба во домаќинствата како значително подобрена и се подготвени да купат трајни добра како што се бела техника, мебел, автомобил…

Во однос на очекувањата за тоа дали ќе растат или не цените во следните 12 месеци, се забележува раст на граѓаните кои сметаат дека цените ќе растат, како и пад на граѓаните кои од јули 2020 досега сметале дека цените ќе останат исти или ќе се намалат.

- Реклама -