Луди осигурителни побарувања

Кола Веројатно единственото нешто што Американците го мразат повеќе од адвокати се осигурителните агенти. Можеби причината за тоа лежи во фактот што тие агенти ретко наседнуваат на лудите барања за покривање на штета кои ги поднесуваат нивните клиенти.

health_insurance_arm.jpgВеројатно единственото нешто што Американците го мразат повеќе од адвокатите се осигурителните агенти. Можеби причината за тоа лежи во фактот што тие агенти ретко наседнуваат на лудите барања за покривање на штета кои ги поднесуваат нивните клиенти.

Враќајќи се дома, свртев кон погрешна куќа и се судрив со дрвото кое го немам.

Другата кола се судри со мене, без да ми даде какво и да е предупредување за своите намери.

Мислев дека прозорецот ми е спуштен, но открив дека не бил кога поминав низ него со главата.

Се судрив со паркиран камион кој доаѓаше од спротивен правец.

Пешак ме удри и отиде под мојата кола.

Човекот беше надвор од контрола. Морав да свртам неколкупати пред да го удрам!

Обидувајќи се да убијам мува, се удрив во телефонска бандера.

Возев 40 години пред да заспијам на волан и да доживеам несреќа.

Телефонскиот столб се доближуваше. Се обидував да го избегнам, кога ме удри од напред.

Како што се доближував до крстосницата, еден знак одеднаш се доближи на место каде што никогаш порано немало знак „стоп“. Не можев да застанам на време за да ја избегнам несреќата.

За да не го удрам браникот на колата пред мене, го удрив пешакот.

Мојата кола беше прописно паркирана, кога се врати наназад и удри во другото возило.

Невидлива кола излезе од никаде, ме удри и исчезна.

Им кажав на полицајците дека не сум повреден, но кога го извадив капчето, сфатив дека имам фрактура на черепот.

Бев сигурен дека старецот нема шанси да стигне до другата страна, кога го удрив.

Пешакот немаше поим каде да бега, па го прегазив.

Бев исфрлен од колата кога таа излета од патот. Подоцна бев најден во еден ендек од некои залутани крави.

[Quotes from insurance claims]

- Реклама -