Ковачки: Дали е точно дека Филипче бил предупреден за ПУР панелите и дека поради тоа стручното лице било избркано од состанокот?

Фингерајката околу оставката од морални причини на министерот за здравство Венко Филипче, се чини ќе биде неговата најмала грижа, бидејќи многу елементи укажуваат дека доколку се води независна истрага таа ќе заврши директно кај Филипче и Заев, по што треба да следува и кривична одговорност – напиша денеска на Фејсбук Драган Ковачки, кој е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој обвини дека Филипче бил однапред предупреден, и тоа од стручно лице, за употребата на ПУР панели во изградбата на модуларните болници.

„Бидејќи поминаа точно 10 дена од страдањата и пожарот во болницата во Тетово, а до сега не видовме НИКАКВА, ама буквално никаква реакција од обвинителството освен празни ветувања дека истрагата е во тек, денеска јавно ќе поставиме прашање до Министерот Филипче:

Дали е точно дека на состанокот на кој се дискутирало за модуларните болници, сте биле предупредени од стручно лице дека ПУР панелите не смеат да бидат вградени во модуларните болници и доколку е точно, дали на состанокот настанала караница по што лицето што Ве предупредило за панелите, било избркано од состанокот?“, напиша Ковачки, според кого министерот за здравство, и покрај предупредувањето, свесно го одбрал патот на брзите пари.

- Реклама -