Меси: Ќе биде многу чудно да се игра во Барселона, но за различен тим

Париз, 11 август 2021 (МИА) – Лионел Меси денес одржа прес -конференција во врска со неговиот трансфер во Пари Сен-Жермен. Аргентинецот го сподели своето мислење за можен натпревар против Барселона.

„Се разбира, одлуката за напуштање на Барселона не беше лесна. Тоа е мој дом, играв таму од детството. Сега се приклучив на многу силен тим. Сакам да победувам, ова е важна цел. Сакаме да постигнеме уште поамбициозни цели. Би било убаво да се сретнеме со играчите на Барселона. Ќе биде многу чудно да се игра во Барселона, но за различен тим“, истакна Меси.

Вчера Аргентинецот официјално стана нов фудбалер на ПСЖ. Тој потпиша двегодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.

Инаку, во новиот дрес, Меси ќе го носи бројот 30, откако Нејмар веќе го зазема преферираниот број 10, кој Меси го носеше во поголемиот дел од својата кариера во Барселона. Меси во Барселона го носеше и бројот 30, кога првпат настапуваше во сениорскиот тим во сезоната 2004-2005 година.

- Реклама -