Противпожарната бригада на Град Скопје ќе помогне во гаснењето на пожарите во Пехчево и Делчево

Скопје, 4 август 2021 (МИА) – Екипа од Противпожарната бригада на Град Скопје и три цистерни со вода од јавните градски претпријатија се упатија кон Пехчево и Делчево да помогнат во гаснењето на пожарите.

Ова вечерва на Фејсбук го напиша скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

-Три екипи пожарникари со три возила на Противпожарната бригада на Град Скопје, придружувани со три цистерни со вода од јавните градски претпријатија, се упатија кон Пехчево и Делчево да помогнат во гаснењето на пожарите. Солидарноста на дело, напиша Шилегов.

- Реклама -