ФФМ бара најстрога санкција од УЕФА за Арнаутовиќ за националистичките испади кон Алиоски

Фудбалската федерација на Мaкeдонија најостро го осудува националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ по постигнатиот гол на вчерашниот натпревар со Македонија, упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

Од ФФМ информираат дека поднеле официјален допис до УЕФА во кој бараат најстрога казна за австрискиот репрезентативец.

„Како ‘Куќа на фудбалот’, секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме.

Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци, каде и да настапуваат“, велат од ФФМ.

Синоќа целиот фудбалски свет го забележа дивјачкото однесување на австрискиот репрезентативец и сите видоа како капитенот на Австријците – Алаба, се обиде буквално да му ја затвори устата. Она што можеби не се виде доволно јасно е згрозеноста со која тој се обидуваше да го цивилизира Арнаутовиќ, но затоа е тука Твитер.

- Реклама -