Фотонапонска електрана од 100 мегавати со јавно-приватно партнерство ќе се гради во Осломеј

„Северна Македонија е одлична дестинација за инвестиции во фотонапонски централи, што покажува и инвестицијата од 70 милиони евра за фотонапонска електрана од 100 мегавати која ќе се изведе по пат на јавно-приватно партнерство или издавање на концесии“, истакна денеска премиерот Зоран Заев презентирајќи го Интервентниот план за инвестиции 2021-2027.

„Државата бараше најмалку 10% заради земјиштето и обврската за приклучок како и урбанизација на стариот јагленокоп во Осломеј да поставиме 100 мегавати фотонапонска централа со обврска инвеститорите да земат по 1 вработен по мегават односно 100 вработени од Осломеј за да трајно ги обезбедиме тие наши сограѓани“, посочи премиерот.

Со Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 година, Владата најавува преку 8 милијарди евра инвестиции во македонската економија, од кои најголем дел – преку 3 милијарди, се во енергетиката.

- Реклама -